Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува план што би можел да го отвори патот за претседателски избори и референдум за мир уште напролет, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
Весникот, повикувајќи се на украински и европски претставници, наведува дека деталите за планот треба да бидат презентирани на 24 февруари.
Имено, во Киев се разгледува можноста за одржување национални избори истовремено со референдум за евентуален мировен договор со Русија.
Ројтерс минатата недела објави дека американските и украинските преговарачи разговарале за идејата за ставање на потенцијален мировен договор на јавно гласање уште во мај.