Превезувал мигранти од Египет, па заработи 30 дена притвор

Кривична пријава против лице од скопско за криумчарење мигранти, пронајдени 10 лица мигранти од Египет

од Nikola Popovski
10 прегледи

На 10.03.2026 околу 06:00 часот во близина на клучка Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино го лишија од слобода Р.М.(24) од с.Студеничани, скопско. Претходно, по добиени сознанија дека превезува мигранти на патот Гевгелија -Демир Капија, полициски службеници Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање, но тој не застанал и по преземени мерки возилото е присилно запрено. Подоцна, по пребарување на теренот, пронајдени се 10 лица мигранти од Египет.

Mигрантите се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

Додека, против возачот Р.М. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“ и од судија на претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.