Жена го изгуби животот по пожар во Тетово

Изгорено тело пронајдено по пожар во куќа

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Една жена го загуби животот во пожар во семејната куќа во населбата Вонвардарска во Тетово утринава околу 8 часот и 30 минути. Жената, која била во повозрасни години, кога настанал пожарот била сама во куќата бидејќи сопругот бил излезен од домот. Пожарникарите кои биле повикани од соседите за кратко го локализирале пожарот во една од собите.

„На 11.03.2026 во 08:56 часот во СВР Тетово, од Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавено дека на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа.

Пожарот е локализиран, по што е забележано дека во внатрешноста има едно починато лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Тетовската полиција.