Неделен хороскоп од 30 март до 6 април: Скорпиите во центарот на драма – љубовта, работата и емоциите на работ на експлозија

од Весна Трајкова
40 прегледи Фото: RDNE Stock project / Pexels

Новата недела носи бура од емоции, неочекувани пресврти и важни одлуки што многумина нема да можат да ги одложат.

Додека некои хороскопски знаци ќе уживаат во љубовта и успехот, други ќе мора да се соочат со предизвици на работа и во врските.

Овен

Љубов: Страстите се засилени, но расправиите исто така лесно избувнуваат. Ако сте во врска, вашиот партнер може да бара повеќе внимание отколку што сте спремни да дадете. Слободните Овни влегуваат во флерт што брзо може да се претвори во нешто посериозно.

Работа: Ќе бидете полни со енергија и подготвени да ги решавате проблемите, но внимавајте да не влезете во конфликт со  претпоставените. Добра недела за иницијатива, но не и за импулсивни одлуки.

Здравје: Можни се замор и пад на енергијата на крајот од неделата, забавете го темпото.

Бик

Љубов: Ви годи стабилноста, но партнерот може да посака промени. Слободните Бикови можно е да го обноват контактот со личност од минатото.

Работа: Финансиите доаѓаат во фокус. Можен е дополнителен прилив на пари или добра деловна понуда.

Здравје: Обрнете внимание на исхраната и стомакот и избегнувајте тешка храна.

Близнаци

Љубов: Комуникацијата е клучна, ако нешто премолчите, може да има недоразбирања. Слободните влегуваат во интересна преписка што може да се прерасне во средба.

Работа: Многу одговорности и брзо темпо. Добра недела за преговори и нови контакти.

Здравје: Нервоза и стрес, ви треба повеќе сон.

Рак

Љубов: Емоциите се нагласени. Вашиот партнер може да биде пречувствителен, затоа бирајте ги зборовите. Слободните Ракови размислуваат за поранешната љубов.

Работа: Чувствувате притисок, но успевате да ги завршите сите обврски. Не се откажувајте сега.

Здравје: Чувствителен стомак и промени во расположението.

Лав

Љубов: Вие сте во центарот на вниманието! Слободните Лавови имаат повеќе додворувачи, додека зафатените уживаат во романтични моменти.

Работа: Можност за напредување или признание. Искористете го вашиот авторитет.

Здравје: Одлично, но внимавајте на исцрпеност поради претерување.

Девица

Љубов: Премногу анализирате и тоа може да ја расипе врската. Опуштете се. Слободните можат да запознаат некого преку работа.

Работа: Организацијата ви носи успех. Можни се мали проблеми со документацијата.

Здравје: Напнатост, обидете се да се движите повеќе.

Вага

Љубов: Барате рамнотежа, но партнерот може да биде неодлучен. Слободните Ваги влегуваат во нејасен однос.

Работа: Добра соработка со колегите, но избегнувајте одложување на работата.

Здравје: Психички замор, ви треба одмор.

Скорпија

Љубов: Интензивните емоции и љубомората можат да создадат проблем. Слободните влегуваат во страсна авантура.

Работа: Фокусирани сте и ги решавате дури и најтешките задачи. Можни се важни одлуки.

Здравје: Добро, но избегнувајте стресни ситуации.

Стрелец

Љубов: Потребата за слобода може да донесе тензија во врската. Слободните сакаат авантура без обврски.

Работа: Нови планови и идеи, но реализацијата оди побавно отколку што сакате.

Здравје: Би ви годело повеќе движење.

Јарец

Љубов: Сериозни разговори со партнерот. Можно е донесување важни одлуки.

Работа: Напредокот е бавен, но сигурен. Финансиите се стабилизираат.

Здравје: Изморени сте, зе заборавајте на одморот.

Водолија

Љубов: Неочекувани средби и интересни познанства. Во врската ве очекува изненадување од партнерот.

Работа: Креативните идеи носат успех, но внимавајте на роковите.

Здравје: Променливо – повеќе сон и помалку стрес.

Риби

Љубов: Романтиката е нагласена. Слободните Риби можат да започнат нежна љубовна приказна.

Работа: Интуицијата ви помага да донесете правилни одлуки.

Здравје: Добро, но внимавајте на имунитетот.