Андонов: Доколку примирјето потрае до крајот на април, може да очекуваме постепено намалување на цените на горивата во Македонија

Доколку примирјето потрае и до крајот на април и Ормутскиот теснец остане отворен и функционален, тогаш е реално да очекуваме постепено намалување на цените на нафтата и дериватите. Пазарот во моментот реагира најмногу на ризикот од прекин на снабдувањето преку Ормутскиот теснец, изјави Андонов за „Локално“

од Vladimir Zorba
29 прегледи Фото: Balkan Green Energy News

Примирјето што беше постигнато меѓу САД и ИРАН според енергетски консултант, Виктор Андонов е позитивен сигнал за целиот свет и секако за Македонија. Тој за „Локално“ изјави дека за Македонија дополнително е важно како ќе затворат медитеранските котациикотации на цената на нафтата и дизелот.

-Двонеделното примирје веќе донесе јасен сигнал за деескалација, и пазарот веднаш реагираше и цените на суровата нафта и брентот паднаа на околу 92 долари за барел. Ова е позитивен сигнал за целиот свет, посебно за Европскиот пазар и за Македонија. Исто како и нафтата, и цената на природниот гас значително се намали во текот на денешниот ден. За нас дополнително е важно како ќе се затворат и медитеранските котации на цената на дизелот и бензинот, како и курсот на доларот кој исто така слабее по падот на цената на суровата нафта, изјави Андонов.

Тој додава дека сето ова оди во прилог на намалување на цените на горивата и во Македонија.

Фото: Локално

-Дали цените кои ќе се објават во понеделник ќе бидат значително намалени или во помал обем, зависи од затварањето на медитеранските берзи.  Доколку примирјето потрае до крајот на април и Ормутскиот теснец остане отворен и функционален, тогаш е реално да очекуваме постепено намалување на цените на нафтата и дериватите. Пазарот во моментот реагира најмногу на ризикот од прекин на снабдувањето преку Ормутскиот теснец, изјави Андонов.

На прашањето дали цените ќе се вратат на нивото пред конфликтот, тој смета дека тоа ќе зависи од траењето на примирјето.

-На тоа ќе влијае и обновувањето на оштетената инфраструктура и стабилизацијата на транспортот низ Ормутскиот теснец, за ова можеби ќе треба и повеќе време, во зависност од сериозноста на штетите, изјави Андонов.

Е.Б.