Маѓар не гледа проблем во картите на „Голема Унгарија“: „Унгарците се сеќаваат на тоа време како златно доба“

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, одговараше на прашања од медиумите на прес-конференција, при што се осврна и на картите на т.н. Голема Унгарија, кои Виктор Орбан подолг период ги држеше во својата канцеларија

од Кристијан Димков
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/APT

Маѓар, меѓу другото, одговори и на прашање од хрватските медиуми, при што зборуваше и за директорот на МОЛ, Жолт Хернади, кој е осуден во Хрватска.

„Двете страни се одговорни во случајот МОЛ-ИНА. Пред да кажам било што, морам да ги разгледам овие доверливи документи, бидејќи сметам дека унгарските судови не го екстрадирале Хернади со причина. Исто така, вината на Орбан е што унгарско-хрватските односи станаа заладени“, порача тој.

Маѓар одговори и на прашање на „N1 Хрватска“ дали во својата канцеларија ќе ја задржи картата на т.н. Голема Унгарија, која предизвикуваше бројни контроверзии за време на владеењето на Виктор Орбан.

„Унгарија има историја. Нема да негирам дека Унгарците се сеќаваат на својата историја и дека се сеќаваат на тоа време како златно доба. Не гледам ништо спорно во тие карти. Не мислам дека е ревизионизам ако некој носи такви симболи или ги поставува на ѕид. Треба да гледаме кон иднината и да ги подобриме нашите односи“, заклучи Маѓар.

Слични содржини