Димовски: Постапката за екстрадиција на Груевски може да трае со месеци и години

-Мислам дека ова сето нема да оди толку наеднаш како што се создава впечатокот во Македонија, вели поранешниот пратеник

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Поранешниот пратеник и поранешен соработник на Никола Груевски, Илија Димовски смета дека Унгарија сега ако започне некаква постапка за екстрадиција на екс-премиерот, таа може да трае со месеци и години заради тоа, како што вели, целата постапка е поврзана со меѓународни конвенции.

-На господинот Груевски таму му е признато правото на азил врз база на состојба во Македонија и верификувана од институции кои што биле дел од европскиот правен систем. Мислам дека ова сето нема да оди толку наеднаш како што се создава впечатокот во Македонија. Да се остави на правосудните органи – тоа што беше објаснето денеска во тој контекст, тоа е правната постапка, а за дојдеме до неа, има долга правна постапка во Унгарија. Мислам дека треба да се сконцентрираме на главното прашање – да ги задржиме добрите стратешки односи со Унгарија, рече Димовски во емисијата „Тема на денот“.

За тоа дали падот на Виктор Орбан може да предизвика паѓање и власта на српскиот претседател Александар Вучиќ, екс-пратеникот оценува дека српското општество е длабоко поларизирано, Вучиќ има нумеричка предност, но на ниво на енергија и волја, малцинството во Србија е поприсутно и поенергично.

-Србија повеќе би ја споредил со ситуацијата во Македонија пред десетина години. Во Унгарија нема промена на политики, ниту драстична промена на гарнитури, туку само промена на првиот лик, додаде Димовски.