Продолжена лиценцата за работа на „Лукоил“

Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата за работа на нафтената компанија „Лукоил“ надвор од Русија до 29 октомври

од Кристијан Димков
12 прегледи Фото: Локално

Како што пренесува Ројтерс во вторникот, лиценцата се однесува на околу 2.000 бензински пумпи на „Лукоил“ низ Европа, Централна Азија, Блискиот Исток и Америка.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври минатата година, што влијаеше врз интересот на потенцијалните купувачи за меѓународните средства на „Лукоил“, проценети на 22 милијарди долари. Претходната лиценца беше издадена на 31 март со рок на важност до 1 мај.

„Лукоил“ поседува околу 200 брендирани бензински пумпи во Њу Џерси, Пенсилванија и Њујорк и е еден од водечките продавачи на моторни горива во Молдавија и Бугарија, а управува со околу 600 пумпи во Турција и повеќе од 300 во Романија.