5 начини да губите телесна тежина додека сте со другарките

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Жените постојано ја мерат тежината и се особено критични кон себе. Секогаш сакаат да се послаби и послаби. Нивната мотивација да се подложат на диета и да вежбаат редовно сепак не успева да дотрае кај повеќето и на крајот остануваат само со желба и грижа дека сакаат да се ослободат од вишокот килограми, но сепак не можат.68963ac8410fd831f089159cbb67c9f4

Ако и вие имате проблем со волјата, подобро мобилизирајте ги вашите друагрки бидејќи нивната поддршка ќе ви биде потребна.

Има лесни начини неосетно да слабеете додека се забавувате со вашите блиски. Еве и неколку идеи:

Направете нешто поинакво, но динамично

Наместо да седнете во вашиот омилен бар и да се наливате цела вечер со калорични коктели од бар столици, организирајте се и одете на танцување. Може да посетите салса клуб. Или пак да ги искористат предностите на зимата и да пробате лизгање на мраз во пријатно друштво.

Изберете нешто што не сте го направиле (или го правите многу ретко) и ви дава задоволство, додека ја имате можноста да се раздвижите во пријатно друштво и да се релаксирате.

Формирајте клуб за готвење

Изберете барем една вечер од неделата, во која ќе се собирате со пријателки и ќе си организирате натпревар. Пример највкусна диетална салата; здрав десерт и т. н. Така ќе јадете здраво, ќе научите и некој друга рецепт и ќе поминете една вечер со другарките.

Дајте си малку одмор во текот на викендот

На крајот на седмицата е идеално време да се извадите од бучниот град и да се препуштите на природата. Претворите ги во навика долгите прошетки и игри на плажа, походите во планината, возење во полето и др. активности кои ќе ве изнесат од секојдневниот живот и ќе ве држат во форма.

Ден за спа

Сауната е многу корисна, бидејќи ги вади токсините од кожата, ги обновува клетките и ви помага да ја намалите тежината. Организирајте си женски спа ден, во кој може да пливате, да одморате во џакузито, да си направите анти-целулитна масажа, сауна, парна бања (и сите други видови на бањи). Ќе се чувствувате како нов човек и освен тоа ќе ја кренете самодовербата!

Приклучете се кон некоја кауза

Во последно време е многу модерно различни каузи да бидат обврзани со висока физичка активност. Велосипедизам или маратон во помош на борбата против ракот / дебелината / СИДА-а или чистење на паркот или центарот на вашиот град. Соберете ги другарките и дајте свој придонес кон општеството. Може пак и да се запознаете со нови и интересни луѓе како бонус.