5 научни причини зошто треба да спиете голи

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Повеќето жени, а и мажи претпочитаат да спијат во пижами, ноќница или маица, но според доста студии, многу покорисно е да одите на спиење во кревет голи.a93b6aba4f32d98802706d4d480cf85d

Еве и пет истражувања кои докажуваат дека спиењето без облека е доста корисно за човек од неколку различни начини:

1. Ќе го сакате партнерот повеќе.

Според една студија од 2014-та година, направено од британска фирма за памучни производи, 57% од луѓето кои спијат голи се посреќни во односите со својот постојан партнер. Очигледно недостатокот на материјал кој ги дели телата на вљубените, си има свои позитивни страни.

2. Спиењето без облека може да ве заштити од дијабетес.

Логиката тука е следнава: Постарите луѓе имаат мали количини кафеаво масно ткиво (попознато како “добри масти”) во нивните тела.Колку повеќе добри масти имате, толку подобра ќе биде вашата чувствителност кон инсулин, а тоа го намалува ризикот од дијабетес. Ако спиете во поладна просторија или спиете голи, вашето тело ќе трупа повеќе резерви од кафеави масти, за да се заштити од студот.

3. Жените кои спијат голи се поздрави во интимната зона.

Списанието Cosmopolitan тврди дека жените кои спијат во премногу топли простории или со премногу дебели пижами, се повеќе склони кон развој на бактерии во областа на вагината. Ако спиете голи, до интимната зона ќе има пристап на воздух (ќе се проветрувате), а тоа ги спречува инфекциите.

4. Овој начин на спиење е подобар за имунолошкиот систем.

Кога кожата ни се допира со кожата на нашиот партнер, нашата надбубрежната жлезда ја намалува секрецијата на хормонот на стресот кортизол, кој го потиснува имунолошкиот систем. Во исто време контактот “кожа на кожа” го зголемува нивото на хормонот окситоцин, кој може да има позитивен ефект врз крвниот притисок.

5. Температурата на телото влијае на квалитетот на сонот.

Во една студија од 2004 година се вели дека за да може вашиот сон да “започне нормално”, човек не треба да е премногу на топло. Во истражувањето се вели дека многу од луѓето кои страдаат од несоница, спијат во премногу топли простории или пак со многу дебели пижами и ќебиња, кои ја зголемуваат телесната температура. Квалитетниот сон, од своја страна, е многу важен за здравјето на човекот.