Козметичките брендови секој ден измислуваат сè понови и понови алатки кои ги лансираат на пазарот.
Често голем дел од нив се дел од добро развиен маркетинг, кој на прв поглед изгледа одлично, но излегува дека нема особен ефект.
Вистината е дека многу голем дел од инструментите имаат веќе одамна постоечки еквивалент, кој не само што ја прави истата работа, но понекогаш се справува дури и подобро.
Но, факт е дека некои од новите пронајдоци имаат корист и се исклучително полезни за нас.
Таков инструмент е четката за чистење на лице. Видете сами зошто.
1. Чисти
Основната задача на овој тип инструменти е да се справат подобро со чистењето, отколку што би можеле сами. И овој пат задачата е правилно решена – четките се справуваат околу шест пати поуспешно.Долготрајното чистење на акумулираната нечистотија во кожата и отпупувањето на порите дава подобар резултат отколку со кој и да било производ и невооружена рака.
2. 3 во 1
Кон доброто чистење можете да додадете уште две неверојатни бенефиции од четките за чистење. Првото е дека паралелно со главната вештина овој тип алатки успеваат да ја обноват кожата во длабочина.
Како последица на тоа, секој еден производ кој ќе стави потоа, ќе биде околу три пати побрзо и подобро искористен од кожата – нешто што осигурува брз и долготраен ефект.
3. Основа
Откако ќе го исчистите лицето со соодветен производ и четка, вашата кожа ќе биде многу помека и посвежа отколку порано. Тоа е добар почеток за убава основа на секоја шминка. Фон де тенот нема да ги нагласува порите и ќе забележите недостатокот на тој инаку толку иритирачки вишок. Мал чекор кон сонот за помладешки изглед.