Научниците тврдат дека ја откриле причината поради која пушењето на марихуана предизвикува неконтролиран апетит за брза храна.
Нивно истражување покажа дека канабисот активира центар во мозокот кој е одговорен за гладот, пренесе “Дејли Мејл”.
Научниците ја истражувале мозочната активност на глувци под дејство на дрога. Истражувањето, објавено во списанието “Нејчр”, покажа дека глувците изгладнувале под дејство на дрога. Ова се должи на фактот дека центарот во мозокот кој ги тера да се чувствуваат сити, го засилува чувството за глад.
Откритието може да им помогне на луѓе кои губат апетит поради болест.