Откако стана јасно дека министрите за финансии на Германија и Грција нема да се разберат, канцеларката Меркел одлучи да ги преземе работите во свои раце. И да го натера Ципрас конечно да го направи својот избор: банкрот или реформи.
Загриженоста околу веројатно најтешкиот пациент во историјата на еврозоната се работа не само на финансиските експерти. Терапијата на Грција, која ЕУ ја прогласи за свој приоритет, е првенствено игра на нерви. Не само германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле е загрижен од несовесниот однос на новата грчка влада кон прописите на Брисел, со цел да ја спасат земјата од финансиски колапс. И помалите земји-членки веќе стискаат нервозно тупаници во очекување да видат дали Атина конечно ќе започне да ги исполнува преземените обврски. Особено на Ирска и Португалија, кои со болни напори успеаја да се спасат од ненадејната смрт, им омрзна да слушаат празните ветувања на Атина.
Судирот е неизбежен. И сега сите погледи се насочени кон Берлин, каде Ципрас ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел . Очигледно приматот на ЕУ одлучи да ги земе работите во свои раце. Не само затоа што Германија е движечка економска сила во ЕУ, но и од чисто политички причини. Верен на стилот на Хелмут Кол, Меркел сака да го спаси еврото, а со тоа и европската идеја. И откако стана јасно дека министрите за финансии Волфганг Шојбле и Јанис Варуфакис нема да се разберат, Меркел ја презеде одговорноста лично.
Операција “Биди искрен”
Грчкиот премиер Ципрас не доаѓа во Берлин со празни раце. Во викендите грчкиот парламент усвои итно нов даночен закон, со кој се надева да почне да ја полни државната каса. Вкупно 3,7 милиони грци должат даноци на државата, истото важи и за околу 450 илјади фирми. Штетата за државната каса од сите овие неплатени даноци изнесуваат 76 милијарди евра. Приближно 9 милијарди од долгвоите треба да пристапат сега во каса благодарение на следниов трик – на должиниците може че им се простат казните и каматите на заостанатите долгови. Операцијата “Биди искрен” веќе е во тек.
Даночната наплата во Грција е особено чувствителна тема која зборува многу и за менталитетот на жителите на оваа земја. Неплаќањето на даноците е феномен кој пуштил длабоки корени во грчкото општество. Особено во секторот на услугите. Многу Грци не плаќаат ДДВ, или во најдобар случај го плаќаат нередовно. Во 2010 година стапката на данокот беше укината од 19 на 23%, но бидејќи тој не се плаќа редовно, од зголемувањето нема речиси никаков ефект. Освен тоа, Грција е земја која не се држи особено на фактури и сметки. А трансферот на капитал во странство стана едвај не масовен спорт – од избувнувањето на кризата во 2010 година од страна на Грција се истечени милијарди евра кон Кипар и Швајцарија.
Во исто време луѓето со високи приходи се сериозно фаворизирани. Додека од 2010 година наваму даночниот товар за луѓето со ниски приходи скокаат со 300 проценти, милионерите и милијардерите беа поштедени – за нив зголемувањето изнесува само 9%.
Крајот на златните времиња
И уште нешто: обврските на Грција претставуваат кон моментов 175% од БДП на земјата. Меѓутоа, државата не помага особено на оние кои сакаат да инвестираат во Грција. Никаде во ЕУ регистрирање на фирма не е посложено и не се чека толку многу време, како во Грција. Од друга страна за последните пет години банкрот прогласиле околу 230 илјади грчки фирми.
Друг сериозен проблем на Грција е неконтролираниот нејзино стремеж да се манифестира како “добротворна” држава. Секое петто работно место е во јавниот сектор, со години пензионери примаат 14 пензии годишно, а вработените во Парламентот се радуваа на цели 16 плати. Против оваа позадина мерките за штедење изгледаат премногу тешки за повеќето Грци. Во последните пет години беа скратени 370 илјади работни места во јавниот сектор, а од ослободените поради пензионирање работни места едвај секое петто беше повторно пополнето.

Не само германските политичари се гневи на Грција поради нејзинот однос кон доверителите. И обичните Германци веќе се однесуваат со резерва кон Грците. Само една третина од германските граѓани покажуваат разбирање за барањата на Грција за продолжување на роковите за враќање на долговите. Затоа пак цели 80 проценти ја одредуваат Грција како земја на која не треба да се има никаква доверба. Двајца од тројца Германци се на мислење дека доколку Атина продолжува да не се придржува кон мерките за штедење, земјата мора да ја напушти монетарната унија.
Грчките “правила”
Со други зборови: Германците, кои се најголем кредитор на Грција, а истовремено со тоа и гарант за спасување на еврозоната, постепено губат чувство за хумор во однос на Грците. А најмногу од сите – германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, за кого се знае дека е приврзаник на балансиран буџет без нови обврски. Самиот тој успева да се справи со оваа задача – преку штедење, дисциплина и најмногу почитување на правилата.
Нешто што дефинитивно не важи за Грција – при тоа во последниве децении. “Грците се народ кој стана нарушувач на правилата по правило”, тврди германскиот економист Јенс Бастиан, кој од 1998 година живее во Атина. Уште во 2010 година, тој рече дека кризата во Грција е проблем, создаден од самата Грција. А начинот на кој Грците се обидуваат да се изборат, е повеќе од инфантилна, смета економистот.
Купувам сега плаќам подоцна – така си живееја Грците децении. Сега сепак на таа безгрижност треба да се стави крај. Токму ова послание ќе го упати Меркел кон грчкиот колега Ципрас.
