(ВИДЕО) Денеска е светскиот ден на аутизмот

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Секоја година, 2 април е одбележан како ден посветен на ширењето на свеста за невролошкото нарушување наречено аутизам. Резолуцијата за Светски ден на свеста за аутизам за првпат била предложена од Катар и била усвоена од Генералното собрание на ОН на 18 декември 2007.625-autism_625x350_81427954443

Со секоја измината година и секој регион во светот кој започнува да ја промовира важноста на разбирањето на аутизмот, денеска движењето навлегува во својата осма година.  По повод денот многу меѓународни и локални организации ширум светот организираат добротворни настани за да ја шират свеста и да понудат помош.

Аутизмот е третото светски најзастапено нарушување. Некои од последните студии забележуваат остар подем во глобалните случаи на аутизам. Според статистичкиот извештај на Центрите за контрола и превенција на болести во САД, околу едно на 68 американски деца страда од аутизам. Во Велика Британија бројот изнесува околу 700 000 аутистички луѓе. Во Индија, близу 15 милиони луѓе страдаат од нарушувањето во моментов. autismday

Обединети нации како централна тема на денешниот ден ја постави невработеноста на аутистичните луѓе. Проценето е дека повеќе од 80 проценти од возрасните со аутизам се невработени. Истражување покажа дека работодавците ги занемаруваат способностите кои луѓето со аутизам ги имаат во многу поголем квантитет и квалитет од „невротипичните“ вработени – како на пример изострена моќ за препознавање на шеми и логичко резонирање, а посебно огромното внимание на деталите.

Во Македонија има околу 140 регистрирани деца со аутизам, но се претпоставува дека се многу повеќе. Покрај неводењето посебна грижа на институциите, она што најмногу поразува е неукоста и немањето однос од самото население кон овие деца. 11096456_813399255420064_8897763362730319059_n

Истражувањето „Знаења, ставови и практики за вклучување на децата со попреченост во Македонија“ спроведено лани од УНИЦЕФ, изнесува запрепастувачки податоци дека една петтина од јавноста смета дека е неприфатливо аутистично дете да биде нивни сосед. Повеќе од половина од населението не би сакало нивното дете да има дете со аутизам во групата во градинка или училиште, а цели 55 проценти сметаат дека не е возможно интегрирање на децата со посебни потреби во општеството.

11096456_813399268753396_228552083652570465_nВчера за време на парадата по повод Први април на Плоштадот во Скопје, неколку аутистични дечиња со своите родители беа маскирани како црни овци упатувајќи порака до сета јавност за третманот кој го добиваат во општеството.

Родителите порачаа дека нивните деца се маргинализирани почнувајќи од начинот на кој им се дијагностицира нарушувањето, па сѐ до образовниот сегмент.  Ниту во градинките, ниту во училиштата има вработено доволно дефектолози и логопеди, а ни самите просветни работници ја немаат потребната едукација и соодветна обука за работа со децата со посебни потреби.