Кој не би сакал да си донесе велигденско расположение уште од влезната врата ? Со влегувањето во домот можете да создадете атмосфера и добро расположение украсувајќи го влезот на домот со интересни и оригинални велигденски украси .
За да си направите чудесна велигденска декорација за влезната врата ви се потребни само бели пластични јајца, лепак, лесно витливи дрвени стапчиња и спреј за декорација.
Поделете ги на половини пластичните јајца . Наредете ги на стари весници и по ваш избор украсете ги со помош на спрејот. Боете ги јајцата како што ви се допаѓа и оставете ги да се исушат добро.
Со помош на дрвените стапчиња (или пластични – какви имате) оформете венец кој ќе го затегнете на крајот. Таму каде што сте го врзале со коноп или трака, заврзете панделка – за да го прикриете крајот, а и таа ќе ви послужи како закачалката.
Со секундарен лепак подредете ги цврсто јајцата по должина на венецот, во наизменични бои.
Закачете со панделка на вратата и уживајте во новата декорација за Велигден!