Во последно време луѓето се исплашени од јадењето јајца поради сé повеќе неконтролираното верување дека носат само лош холестерол во организмот.
Многу истражувања го демантираат ова тврдење. Јајцата се потребни на човечкиот организам, бидејќи содржат важни протеини и витамин D.
Стравувањата од зголемување на холестеролот се поврзани најмногу со количината консумирани јајца.
Претстојат велигденските празници. Како што знаеме, според традицијата треба да вапсувате богато и боја тврдо варени јајца.
Што треба да знаете да си ги приготвите тврдо варени јајцата?
1. Ставете ги јајцата во еден слој на дното на тенџерето . Покријте ги со ладна вода на висина два пати повисока од нивната сопствена. Загрејте ја плочата, откако сте ги ставиле јајцата во тенџерето.
Додадете една-две лажички оцет во водата. Тој помага во спречување на напукнување на школката, како и за полесно нејзино одвојување од протеинот при лупење.
Според некои додавањето на 1 лажичка сол во водата, исто така помага против напукнување.
2. Откако водата ќе зоврие, намалете го шпоретот на средна температура. Оставете јајцата да вријат околу 12 минути за убаво варење.
Потоа исклучете го шпоретот и оставете ги во топла вода за уште 12 минути.
Во зависност од видот на јајцата и нивното количество може да ги оставите во жешката вода за уште неколку минути.
3. Истурете ја водата од тенџерето. Важно е, сепак, да не ги оставате да се изладат премногу пред да ги бојадисате, бидејќи температурна разлика може да предизвика пукање. Знаеме дека боите за јајцата се употребуваат топли. Ако јајцата се веќе ладни може да напукнат.
Варените јајца можат да се консумираат во рамките на 4-5 дена , не повеќе, бидејќи почнуваат процеси на гниење и одвојување на мириси.