Храната за потенка половина

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Топлите денови веќе ни дојода, па мора да се размислува за својата фигура, која сè појасно ќе се гледа за време на пролетно-летната сезона. Една од најпроблематичните области кај голем дел од жените е стомакот. Ако и вие се вбројувате во овој процент од дамите и сонувате за потенка половина, добрата вест е дека не треба да гладувате за да дојдете до неа.97ab20f4c412fb9f9aa315ffb74c19c6 (2)

Доволно е само да се храните со соодветната храна. Оние за кои ќе прочитате подолу се борат против мастите и го подобруваат вашето здравје. На овој начин тие ќе ви помогнат да ја одржите посакуваната тежина, да се борите со воспаленијата во телото и да го стимулирате имунитетот.

Еве и кои се храните на кои треба да нагласувате, за да имате помала половина:

1. Цвекло

За него се знае дека има силни антиоксидантни својства и дека ги проширува крвните садови и на тој начин  испорачува повеќе кислород кон ангажираните мускули. Добрата вест е дека во една чаша репка се содржат 75 калории и 3,5 грама влакна.

2. Авокадо

Добрите масти во него му помагаат на кардиоваскуларниот систем на човекот, но и се одразуваат одлично на неговото тело. Резултатите од различни студии покажуваат дека авокадото го помага слабеењето и намалувањето на обемот на телото. Во една петтина од овој во просек голем плод содржи 50 калории и многу витамини и минерали.

3. Тиква

Чаша варена тиква е извор на 50 калории, 2 грама протеини и 3 грама растителни влакна. Тиквата исто така, обезбедува повеќе од 20 витамини, минерали, влакна и корисни антиоксиданси. Таа содржи уште витамин Ц, железо, цинк и калиум. Освен тоа тиквата може да ви обезбеди повеќе од 100% од дневните потреби на витамин А.

4. Карфиол

Тој, исто како брокулите, кељот и бриселското зелје, содржи антиоксиданси, благодарение на кои ќе избегнете воспаленија во телото. Другото убаво е дека во карфиолот се содржат помалку калории – само 27 во една чаша. Тој е богат и со витамини А, Ц, влакна и витамини В.

5. Јаболка

Познато е дека во овие вкусни плодови се содржат многу влакна и антиоксиданти. Тие се одличен избор, што се однесува до намалување на големината на половината и подобрување на здравјето на срцето.

6. Цитруси

Циртусните плодови се со ниска енергетска густина – тие обезбедуваат релативно мал број на калории за обемот на една порција. Ако изедете некое од овие овошја пред оброк, тоа ќе ви помогне да консумирате помалку храна во целина и на тој начин ќе го намалите калорискиот прием. Во цитрусите има многу хранливи материи – влакна, витамин Ц, фолна киселина, калиум и други.