Сте се обиделе со броење овци, топла бања и чаша топло млеко, но сè уште лежите будни и не можете да заспиете. Сега научниците открија нов начин за успивање, кој ќе ве однесе во земјата на соништата само за 60 секунди.
Методот не вклучува лекови или народни рецепти, туку само една лесна техника на дишење.Наречен 4-7-8, методот ќе го смири нервниот систем, па и целосно телото. Техниката е развиена од страна на д-р Ендрју Уејл кој ја претстави на светот во Youtube.
Пред да започнете, мора прво да издишувате целосно орално, и да го оставите воздухот да “свири”. Затворете ја устата и дишете тивко низ носот додека броете до 4. Потоа сопрете го здивот и сметајќи до 7, па издишете гп целиот воздух преку устата, повторно со потсвирнување, а издишувањето треба да продолжи 8 секунди.
Повторете го ова три пати. Имајте на ум дека секогаш треба да вдишувате тивко низ носот и да издишувате гласно низ устатата.