5 видови храна и пијалоци кои ѝ штетат на кожата

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Убавата кожа бара упорност и сериозни грижи. Скапите козметички производи и процедурите сепак не се доволни. За да имате здраво, свежо и младо лице и тело, треба да внимавате и што јадете.ade45220a04beb8d52b458622fbb116d

Еве и со која храна треба да внимавате:

1. Јаглехидрати

Храна како колачи, леб, тесто, паста и сода можат да предизвикаат појава на акни. Тие го зголемуваат крвниот шеќер во организмот предизвикувајќи хормони кои го стимулираат производството на себум, ги затвораат порите и ги предизвикуваат акните.

2. Сол

Страдате од подуено лице и темни кругови под очите? За тоа е виновен натриумот.Солта предизвикува отекување на лицето и телото, а јодираната сол докажано провоцира акни. Обложете се на храна богата со калиум. Ако користите производи во конзерви (грав, месо, зеленчук) мијте ги добро, за да се отстрани дел од натриумот пред потрошувачка.

3. Алкохол

Во големи количини алкохолните пијалоци водат до дехидрација, сува кожа и брчки.Освен тоа алкохолот го лишува телото од витамин А, кој помага во регенерацијата на клетките на кожата. Алкохолот може да предизвика болести како акни, розацеа, егземи и псоријаза. Препорачливо е жените да не пијат повеќе од еден пијалок дневно, а за мажите дозата е два.

4. Млечни производи

Исто како алкохолот, не треба да се претерува и со млечните производи. Тие предизвикуваат акни, а во млекото е пронајден хормон кој го олеснува затнувањето на порите и доведува до формирање на митесери. Луѓето со хормонални акни треба особено да внимаваат колку млечна храна консумираат.

5. Кафе

Тешко е да го избегнеме кафето во секојдневниот живот, но и со него треба да се внимава.При конзумирањето на повеќе од 2 чаши дневно, се зголемува нивото на хормонот кортизол во организмот (хормон на стресот), кој предизвикува истенчување на кожата, дехидрација и брчки.