Заоѓа моќта на Султан Ердоган?

од desk3
76 прегледи

Владејачката партија во Турција може да го загуби парламентарното мнозинство по изборите на 7 јуни, покажа истражувањето на социолошката агенција “Сонaр”, цитирано од “Ројтерс”.

images

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Партијата на правдата и развојот (ПРС) ќе има околу 41% поддршка, што значи дека може да и се наложи да состави коалициска влада.

Главната опозициска Републиканска народна партија би добила 26 отсто од гласовите, Партијата за националистичка акција – 18.1 отсто, а прокурдската Демократска партија на народите веројатно ќе го помине прагот од 10% за влез во парламентот.

Тоа е втората студија во рок од неколку дена, што покажува дека поддршката за ПРС на претседателот Ердоган е малку над 40%.

Според претходните истражувања владејачката партија се очекуваше да собере 45-47% од гласовите на парламентарните избори.

Курсот на доларот достигна до 2.61 турски лири од 2.5961 лири во петокот. Акциите на истанбулската берза паднаа за 0,35%, а приносот на 10-годишните обврзници се зголеми од 9.12 на 9.15%.

Нивото на поддршка за владејачката партија покажува дека најверојатно ќе биде многу тешко да се воведат промени во уставот, кои Ердоган ги сака. Целта на претседателот е да се здобијат со повеќе извршни овластувања.