Најголемата загриженост на дамите со сува кожа е фактот дека тоа е еден од факторите за предвремено стареење.
Малите и фини брчки доаѓаат како прилог на најтешкоto, да не кажеме речиси невозможно хидрирање и постојаното чувство како нешто да нè влече за кожата.
Изборот на правата козметика е вистински предизвик, а дополнителната нега како маски и терапии треба да бидат внимателно истражени.
За да ви заштедиме малку време ви претставуваме лесен рецепт што се прави само и исклучиво со природни состојки и дава неверојатни резултати.
Основната состојка е авокадото. Тоа е богато со витамините А, B6, K, E, амино киселини, омега 3 и минерали.
Освен што е вкусно, тоа е и чудото на природата што моментално хидрира и ја подмладува како кожата, така и косата.
Токму затоа авокадото присуствува доста често во различни рецепти и терапии. Маската која ќе ја замислите е погодна и за многу сува, така и за нормална кожа.
Ќе ви бидат потребни:
Половина зрело авокадо
1 лажица екстракт од пченични никулци
Половина лажичка сок од лимон
Начин на приготвување:
Претворете го авокадото во паста и додадете путер од пченични никулци. Измешајте добро и прелијте со сок од лимон.
Нанесете ја готовата смеса на лицето и оставете да делува барем за 10-15 минути. Потоа исплакнете со млака вода и задолжително намачкајте со хидратантен крем за лице.
Повторувајте ја постапката барем еднаш неделно.