Ердоган нема да може сам да формира Влада, а и Курдите влегуваат во Парламентот

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Според првичните резултати од спроведените избори во Турција, Партијата на правдата и развојот на Ердоган добива 43,6 насто од гласовите на избирачите, пренесува Ројтерс, при преброени две третини од ливчињата.

Ако резултатот остане непроменет ППР нема да успее да формира еднопартиска Влада.

erdogan

Прокурдската Народно-демократска партија добива 10,6 насто од гласовите и најверојатно влегува во Парламентот, бидејќи го надминува цензусот од 10 насто.

Сепак, резултатите може драстично да се променат, бидејќи не е завршено пребројувањето во големите градови.