Силен земјотрес ја потресе Атина

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Силниот земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтер, ја  погоди утринава Атина. Тој  бил проследен со бројни потреси,  а најголемите  биле со сила односно 3.8 и 3.3 степени по Рихтер регистриран во 5.31 часот, оо локално време, соопштуваат грчките електронски медиуми.

атина

Земјотресот во 4.09 часот. бил на 77 километри северозападно од Атина и на 26 километри северозападно од Халкида во северниот дел на Евбејскиот залив. Земјотресот со јачина од 5,3 степени по Рихтер бил на длабочина 13 километри. Во  моментов нема информации за жртви и причинета материјална штета. Грчките сенизмолози сепак се воздржуваат да прават конечни заклучоци. Според жители на Халкида потресот бил со голема времетраење и бил почувствуван силно, бидејќи неговиот епицентар се наоѓал само на 26 километри од градот. Медиумите објавија уште дека во 01.20 часот. по полноќ земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала бил  регистриран во реонот на островот Крит.