Секоја година се обидуваме да ја откриеме тајната на моделите – како точно изгледаат толку убави и на плажа?
Се разбира, не треба да кажеме дека шминката на морскиот брег не е особено добра идеја – замислете ја кожата, која се обидува да дише и вие ѝ поставувате едно стабилно количество козметика.
Освен што ризикувате да добиете иритации и црвенило, може по одморот да се вратите и со многу нови црни точки и несовршености.
Да, и ние не замислуваме така да заврши летото. Токму од оваа причина побаравме алтернативна опција и различни трикови со кои ќе се здобиеме со убав и заводлив поглед од соништата, без да користиме ниту молив ниту маскара ниту сенки.
Се испостави дека тајната е во неколку елементарни трикови кои функционираат и всушност внесуваат сјај во природната убавина.
Еве што треба да направите за да добиете убав изглед за време на сончањето… или за време на уживањето на последниот освежувачки коктел.
1. Основна нега на кожата
Бидејќи нема да можете да го користите техниките за прикривање на недостатоци, подобро е да започнете со природното справување со проблемите. Наместо да ги криете – решавајте ги.
Ставете малку крем за лице и на очните капаци. Ова е корисно бидејќи ќе ја задржи вашата кожа влажна и хидрирана преку целиот ден. Бидете особено внимателни при нанесувањето, за да не влезе во очите, бидејќи може да предизвика чешање или печење.
Студената вода е најдобриот пријател – обилно плакнење со неа ќе ги направи вашите очи да изгледаат свежи и чисти. Овој трик делува на ист начин и со целото лице.
Ако пред да излезете на плажа поставите за 10-15 минути ладни кесички чај на секое око, ќе ја стегнете кожата и нема да има трага од замор.
Сонот е пресуден за свежиот изглед – гледајте да следите режим, со кој ќе спиете барем осум часа на ден. Во спротивно ризикувате недостатокот на одмор да се одрази видливо на убавината.
Пиење многу вода е главната превентивна мерка против дехидрираност и изморен изглед.Пијте барем по два литри дневно и консумирајте што можете повеќе овошје и зеленчук.
2. Сјај во очите
Откако сте ги почитувале сите чекори за природно истакнување на убавината, можете да пристапите кон малите трикови. Бидејќи нема да поставуваме никаква козметика врз очите, треба да се најде друг начин да се привлече погледот и да го направиме неодолив.
За целта, фокусирајте се на веѓите. Не заборавајте да ги исчупкате и ја нагласите рамката на очите.Всушност, ова е еден од најлесните начини да го направите и визуелниот “лифтинг”.
За да се донесе гламурот, кој всушност го прави погледот толку примамлив, можете да користите мала количина вазелин . Ставете на чиста четка од стара маскара и нанесете врз трепките. Така ќе го нагласите секое едно влакненце, создавајќи го истиот ефект, кој го има и во козметичките производи.