Голден Стејт шампион во НБА лигата

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Кошаркарите на Голден Стејт ја освоија шампионската титула во НБА лигата откако ноќеска во натпреварот број 6 го победија Кливленд на негов терен со 105:97.

89E5EA44567DFE4EB3BEB8C6553B17B5

Ова беше прва титула по пауза од 40 години за Голден Стејт или вкупно четврта во клупската историја. Во минатото победува во 1947., 1956. и 1975 година.

Признанието МВП (најкорисен) играч на финалето го освои Андре Игудала кој постигна 25 поени, а ист број поени реализираше и МВП играчот на регуларниот дел од сезоната Стефан Кари. Драјмонд Грин од Голден Стејт дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 16 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

andre-igudala-e-najdobriot-chuvar-na-lebron-dzhejms-125985

Кај Кливленд Леброн Џејмс постигна 32 поена, но на последните три дуели кои оваа екипа ги загуби во финалето се почуствува отсуството на повредените Кајри Ирвинг и Кевин Лов./МИА