Руски разузнавачки авиони многу често ја надлетуваат границата на Бугарија и тоа е агресивно однесување. Ова го објави пред “Утрово” поранешниот воен министер во кабинетот “Костов” Бојко Ноев.
Според него овие надлетувања не се опасни за населението, бидејќи авионите не носат оружје, но наши ловци треба да ги придружуваат.
Според Ноев, распоредувањето на воена опрема на НАТО во Бугарија е корисно за нивната безбедност. Тврдењето на една проруска партија дека US тенкови ќе пукаат од Бугарија по Русија е неписмено, коментира експертот. Тој смета дека НАТО досега не се грижиела за безбедноста во новите земји-членки на Алијансата и се сетила на нив, кога Русија влегува во Крим.
Бојко Ноев смета дека прашањето за безбедноста се политизира во Бугарија и има “милитантна некомпетентност”. Во секторот “одбрана” недостасуваат воени началници, објави Ноева.
