Живееме во време во кое информацијата е исклучително лесно пристапна и една од негативностите на тоа е фактот дека често не знаеме што да правиме со огромното количество од нив, што поминува пред нас секој ден.
Темата производи за сончање и сончањето само по себе, е една од овие сфери во кои митовите и легендите се почесто слушани од реалните факти.
Излегува дека многу од работите во кои луѓето отворено веруваат, ги следат и пренесуваат како информација се не само далеку од вистината, но и немаат ништо заедничко со реалноста.
Ви ги претставуваме тврдењата на кои никогаш повеќе не треба да верувате.
1. “Млекото за сончање не дозволува да поцрнете”
Ова е еден мит, кој датира веќе подолго време. Единствено што не дозволува млекото е горењето на кожата и тоа е во случаите во кои сте барем со заштитен фактор SPF 30. Сепак ќе поцрнете, но ќе бидете и заштитени од штетните зраци на сонцето.
2. “Облаците штитат од штетните сончеви зраци”
Овој мит е поврзан со една од најголемите грешки кои милиони луѓе ја прават. Фактот дека не гледате директно во сонце или не пече врз вас, ни од далеку не значи дека до вас не достигнуваат штетните UV зраци. Напротив, тие го имаат истото дејство, без оглед на тоа во кој дел од денот е или која сезона. И не само тоа, туку и сигурно не сте заштитени од изгореници.
3. “Скапите креми се посигурни”
Кај овој тип на производи сигурно не важи чудната теорија за тоа дека квалитетот се гарантира само од цената. Една козметика е добра поради состојките кои ги има, не поради марката, која стои на етикетата.
4. “Производите за сончање немаат рок на траење”
Не треба да размислувате на овој начин за кој и да е козметички производ, без разлика за кој дел од телото е наменет. Ако користите крем по објавениот датум на етикетата, не се мамете дека ја добивате заштитата што сакате.
5. “Не можам да потемнам во вода”
Водата остава лажно чувство на безбедност, но тоа е прилично лажно. Тоа што нѐ освежува и разладува ни од далеку не значи дека сонцето не допира директно до нас. Всушност, дури е многу опасно, бидејќи зраците се прекршуваат преку површината и сме многу повеќе изложени на ризик отколку што претпоставуваме.
6. “Не можам да потемнам, додека сум во автомобилот”
Друг распространет мит е дека не можете да поцрнете или изгорите додека сте во автомобилот. Како корисните, така и штетните зраци можат да стигнат до кожата, без разлика дали има стакло или не. Ако работното место ви е до прозорец или често возите, не пропуштајте крем з а сончање.