Топ 3 маски за оштетена коса

од Vladimir Zorba
651 прегледи

Косата е најубавиот украс што една жена може да го поседува, покрај нежните очи, се разбира!
Но, таа трпи ужасни мачења, само за да изгледаме добро. Косата се третира на секакви начини – фен, фарба, зацрвстување, агресивно расчешлување, затегнување во тесни пунџи или коњска опашка.a659c9a88ae8f4b9fed4474de2eda962Можеме да набројуваме до несвестица, а сигурни сме дека и вие имате што да додадете. Наместо да продолжиме да плачеме за крајно уништената коса време е да направиме нешто за неа!

Токму така – маската е нешто за кое размислувате и вие, нели? Ќе ви ги претставиме трите најдобри маски за слаба и третирана коса.

Маска со бадемово млеко и кокосово масло

Не е потребно да купувате прескапи козметички производи, за да блесне косата како во рекламите. Единствено што треба да направите е да измешате бадемово млеко и кокосово масло.

Состојки
4-5 лажици бадемово млеко
3-4 лажици протеини
1-2 лажици кокосово масло
Измешајте ги сите состојки добро во чинија. Промешајте и нанесете со помош на четка. За фарбана и крајно истоштени коса е добро да ја оставате маската да делува цела ноќ врз косата.
Наутро измијте со млака вода и благ шампон. Правете ја оваа маска 3 пати неделно најмалку за 20 дена.

Маска со алое вера и маслиново масло

Листовите на алоето имаат способност да ја заживеат и рехидирираат косата во голема длабочина. Важно е сепак да ги користите редовно. Инаку се губи ефектот.
Алоето е најдобриот лек како за косата, така и за кожата. Маслиновото масло е јасно- тој е суперпродукт како за нашата надворешна убавина, така и за домашното здравје.

Состојки
4-5 супени лажички гел од алое вера
3-4 супени лажици маслиново масло
2-3 супени лажици жолчка
Измешајте ги маслиновото масло, алоето и жолчките добро. Претходно загрејте го маслиновото масло во микробранова печка за помалку од една минута.
Нанесете врз малку влажна коса. Оставете ја маската да делува 4-5 часа пред да ја измиете. За оштетена коса применувајте цела ноќ. Аплицирајте ја оваа маска во ден во тек на 15 дена.

Маска со мајонез и авокадо

Овие два производа содржат големи количини на масти. Тие помагаат за ревитализација на исушените и расцветани краеви на косата. Мајонезот е одличен навлажнувачки агенс, а авокадото е богато со масти и антиоксиданси, што ја прават косата помалку подложна на промени.

Состојки
2 лажици мајонез
Пире од ½ авокадо
Измешајте изгмечено авокадо со мајонез. Мешајте додека смесата стане крем. Применете ја маската само на краевите на косата или од половина на должината на влакното.
Користете широк чешел за да ја  разнесете по должината на косата. Почекајте да дејствува околу 2 часа. Потоа исплакнете со млака вода.