Ако еден адолесцент троши повеќе од два часа дневно на Facebook, Twitter или Instagram, опасноста од ментални проблеми кај него расте.
Се зголемува исто психолошката непријатност и дури се јавуваат склоности за самоубиства, тврдат американските научници од Сан Диего, на кои се повикува “Тајмс оф Индија”.
Научниците го споредиле времето кое адолесцентите го поминуваат на социјалните мрежи, и извештаите за психолошката состојба која ја опишувале самите млади. Речиси 25% од нив поминувале на мрежата повеќе од два часа дневно. Во истражувањето учествувале адолесценти од 7-мо одделение нагоре.
За некои социјалните мрежи се претвораат во вистински проблем. Кај нив се зајакнува отцепувањето од реалноста и неспособноста за трезвена проценка, а исто така и чувството за анксиозност, тага, дури и исцрпеност и апатија.
Во исто време за други млади, социјалните мрежи биле и корисни. Според експертите потребно е да се користи сета моќ на социјалните врежи за психо-превенција и пропаганда на психолошката помош.