По измените во следната пленарна седница во Законот за Бугарите што живеат надвор од Бугарија, на повеќе од 500 000 Македонци, ќе можеме да им дадеме во рок од 2 години бугарско државјанство.

Во моментов околу 120 000 луѓе од Македонија имаат двојно државјанство. Тоа го изјави за bTV историчарот проф. Божидар Димитров.
Според него сите Македонци ќе сакаат да станат Бугари.“Во моментов стотици министри и пратеници во Македонија имаат бугарско државјанство, некои од нив дури и работат кај нас”, продолжи историчарот. “Им честитам на службите за безбедност за нивните дејства против ” Исламска држава “.
Власта kaj нашиот сосед веќе нема контрола на околу 40% од својата територија, која е населена речиси со 100% албанско население”, појасни лаконски премногу комотниот и контроверзен историчар Димитров.