Домашни рецепти за пилинг со шеќер

од Vladimir Zorba
2,5K прегледи

На пазарот постојат многу козметички брендови и понекогаш човек не знае на кој точно да се довери. Во многу случаи поскапите производи се поефикасни, иако постои и релативно евтина козметика, која има ист ефект.914070b0f132a2f0a1bdc55cea2febd0

Најсигурни во квалитетот само кога самите сме го направиле козметичкиот производ.

Иако може да звучи малку изненадувачки, всушност нема ништо комплицирано во тоа.Токму како што може сами да си направите домашна маска за лице или коса, може да си направите и еден шеќерен пилинг. Тој е погоден за третман на зони со груба кожа како пети, на пример. Се разбира, со него може да го екфсолирате и целото тело, кое има потреба од отстранување на мртвите клетки.

Кожата на усните исто така има потреба од ексфолијација, особено во текот на студените месеци. Еднаш неделно може да ги триете усните со шеќер за да ги подмладите и да му помогнете на балсамот за усни да се апсорбира подобро.

Еве неколку рецепти за домашен пилинг со шеќер, кој може да го направите сами:

1. Лесен рецепт со шеќер. Немате време за нешто покомплицирано? Оваа лесен рецепт за шеќерен мелем кој ќе ја направи вашата кожа мазна и ќе ѝ придаде дополнителен навлажнувачки ефект. Измешајте две лажици шеќер со ¼ чаша маслиново масло. Кон нив додадете неколку капки етерично масло од камилица и промешајте. Добиената смеса може да се користи за сите делови на телото, вклучувајќи го и лицето.

2. Рецепт со нане и шеќер. За да ја подмладите кожата и да ѝ дадете свилен изглед, користете го овој рецепт за маска. Сè што ви е потребно се 2 чаши бел кристален шеќер, ¼ чаша кокосово масло (може и бадемово) и 4-5 капки етерично масло од нане. Измешајте добро и добиената смеса користете за ексфолијација на телото, без лицето.

3. Рецепт со лимон и шеќер. За разлика од претходниот рецепт, овој може да го користите и на лицето. Потребните состојки за правење на лимонската маска се: 1 чаша бело / кафеав шеќер, ½ чаша маслиново масло, 1 лажичка рендана кора од лимон и 2-3 капки етерично масло од лимон. Измешајте ги сите состојки и нанесете врз избраниот дел од телото.

4. Рецепт со розов грејпфрут и шеќер. Грејпфрутот е богат извор на антиоксиданси, витамини и минерали, кои се многу корисни и ја негуваат кожата. За да го направите овој рецепт, потребни ви се следниве производи: 2 лажици растителен глицерин (или кокосово масло), 1 лажица масло од гроздово семе, 4 лажици бел шеќер, 2 капки етерично масло од розов грејпфрут и ¼ чаша сок од грејпфрут . Измешајте ги сите состојки и добиената смеса нанесете ја врз посакуваните места.

Слични содржини