За да бидеме во рамнотежа и добро здравје, не само што треба да внимаваме како се храниме, но и да применуваме некои вежби секојдневно. Споделуваме една од тајните за долговечноста на тибетанскиот народ.
Следните 5 вежби ќе ви помогнат да ги подобрите вашата флексибилност, координација, ќе ги намалат болките во грбот и стресот.
Вежба 1
Застанете со мал расчекор и рацете подигнете ги настрана. Гледајте напред, исправете го грбот и дишете рамномерно. Започнете полека да се ротирате околу својата оска, во насока на стрелките на часовникот. Започнете со 2-3 вртења, постепено зголемувајте, додека не дојдете до 21.
Вежба 2
Легнете на земја со собрани нозе и раце до телото. Обидете се истовремено да ги кренете нозете и главата, а брадата треба да ги допре малку градитеи. По можност нозете треба да се соочуваат исправени. Дишете длабоко при кревање и издишувајте при враќање во првобитната позиција.
Вежба 3

Застенете на колена, исправете го горниот дел од телото, рацете ставете ги на колковите. Брадата треба да ги допира нежно градите ви. Обидете се полека да ја подигнете главата и телото да се извие малку назад, како мачка. Дишете длабоко и издишувајте при враќањето во првобитната позиција.
Седнете удобно на земјата со свиткани колена. Стапалата треба да допрат до подот. Обидете се полека да ги подигнете колковите, па да се добие агол од 90 степени.
Телото треба да биде паралелно на подот. Дишете кога ќе го подигнете телото и издишувајте при враќање во првобитната позиција.
Вежба 5

Легнете на стомак на подот. Рацете се свиткани на нивото на градите. Започнете нежно да да го кревате торзото нагоре додека ве држат раце. Вдишувајте во подем и издишувајте при враќање во првобитната позиција.

