Путин иницира меѓународна коалиција за борба против тероризмот

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин повика на создавање меѓународна коалиција за борба против тероризмот. Тој разговарал за оваа иницијатива со претседателот на САД Барак Обама, соопштува “Ројтерс”.

Putin 2
На маргините на Источниот економски форум во Владивосток, Путин прецизира исто така, дека води разговори на оваа тема со лидерите на Турција, Саудиска Арабија, Јордан, Египет и други земји.
“Ние всушност сакаме да создадеме некаква меѓународна коалиција за борба против тероризмот и екстремизмот и за таа цел водиме консултации со нашите американски партнери. Јас лично разговарав по телефон со претседателот на САД Барак Обама”, изјави рускиот претседател.
Тој додаде дека неговата земја продолжува со политичките напори за коалицијата и дека како што покажуваат првите чекори, неговата иницијатива може да се оствари.
Путин изрази мислење дека Сиријците, кои во моментов масовно бегаат кон Европа, не го прават тоа поради режимот на Башар Асад, ами поради “Исламска држава”, која пороби големи територии во Сирија и Ирак и врши најголеми ѕверства. Луѓето бегаат токму од овие ѕверства, објасни тој.