77
Без договор завршија и синоќешните разговори за изборните правила кои траеле до ситните утрински саати меѓу работните групи во клубот на пратениците.
Партиите не успеале да се согласат околу гласањето на дијаспората и за начинот на одлучување на државната изборна комисија.. Рокот за овој дел од пакетот реформи според договорт од Пржино беше шести октомври. Се додека не се постигне договор за изборните реформи се одлагаат и следните приоритети кои беа претходно ставени на агендата за расправа. Меѓу нив се и реформите на медиумите и правосудството, законите за спречување на злоупотреба на „бомбите“, како и изборот на министри и заменици-министри во преодната влада, кои треба да бидат избрани најдоцна до 20 октомври.