Црногорските медиуми пренесоа дека граѓаните на Црна Гора се собраа на плоштадопт на републиката, откако опозициониот блок ги повика сите што можат да се приклучат за да учествуваат во окупирање на институциите кои се во сопственост на режимот на Мило Џукановиќ.
Како што претходно најави лидерот на опозицијата, граѓаните ги опколија институциите а потоа формираа ланец околу нив.
„Тоа ќе биде мирен начин да се покаже нашиот граѓански бунт – порачаа од Демократскиот фронт.
И покрај тоа што опозицијата најави дека протестот ќе биде мирен, полицијата веќе најави дека ќе реагира и дека по 21 чаост, додека организаторите нагласија дека ќе трае собирот, одржувањето на митингот нема да биде дозволен.