А кај нас вака!?- Албанија забрани на криминалците да влегуваат во политиката

од desk3
107 прегледи

Главните политички партии во Албанија постигнаа согласност во јавната администрација да не се aнгажираат лица со криминално минато.

Пратениците во парламентот во Тирана усвоија закон, кој забранува учество во јавна дејност и на сите лица кои биле осудени во земјата или странство.

Albania

Во текот на долги години САД и ЕУ ја повикуваа Тирана да прифати ваков закон.

Локалните медиуми нагласуваат дека за време на 25-годишниот транзиција речиси сите политички партии се поврзуваат со криминалци на места за да си обезбедат изборна поддршка, што доведува до политички отстапки во корист на криминалното подземје.

Санадер „шурува“ со Карамарко, видени се заедно во Шеретон

Во сегашниот парламент и градоначалници од владејачката партија на премиерот Еди Рама, кој управува во текот на последните две години се поврзуваат со криминалното подземје.

Законот треба да биде усвоен конечниот во месец декември, откако ќе бидат направени и уставните промени.

“Договорите со криминалниот свет се меѓу најсмртоносните напади против демократијата и правната држава”, рече поранешниот министер за правда Едуард Халими.

Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири ги повика двете главни политички партии да ги здружат напорите за реформирање на правдата.

Потсетуваме дека во мај, албанскиот парламент усвои закон за отворање на досиејата на цивилите поврзани со тајните служби на земјата за време на претходната власт