Пилотот на турскиот борбен авион F-16, кој со собори рускиот авион Су-24М2 на сириска територија, се вика Мустафа Хајжуроглу. Тоа го тврдат босански медиуми, вклучувајќи и bmpd.livejournal.com. Неговите предци се бегалци од Босна, кои ја напуштиле земјата по Руско-турската војна (1877-1878 година) и последователната окупација на Босна и Херцеговина од Австроунгарската империја.
Според босанските медиуми Мустафа не е единствениот турски воен пилот кој има корени од таму.
Вонредно: Од позиции во Турција минофрлачки напад врз сириската армија
Преседанот е создаден уште во 1930 година, кога Сабиха Гокчен (б.а.-родена во Сараево и посвоена од Кемал Ататурк) стана првата жена пилот на авион ловец во историјата на турската авијација.
Иако информациите покренува многу прашања во врска со веродостојноста на изворите, факт е тоа дека во војската на Турција има многу етнички луѓе од балканските земји.
