Влегувањето на турски војници на територијата на Ирак е прекршување на меѓународното право. Ова го изјави претседателот на земјата Фуад Масум, цитиран од телевизискиот канал Аl Sumaria. Тој ги повика турските војници да ја напуштат територијата на Ирак и предупреди слични инциденти да не се повторуваат во иднина.По порано медиумите објавија дека турските власти испратиле 130 воени – инструктори, во област во близина на градот Мосул за обука на ирачки курдски борци Пешмерга.
Од прес-центарот на ирачкиот премиер Хајдер ал Абад упатија порака од која станува јасно дека турските воени сили влегле на територијата на провинцијата Нинава со тенкови и оклопни возила.
Германија нема да и дава разузнавачки информации на Турција
Шефот на комисијата за безбедност и одбрана на ирачкиот парламент Хаким ал-замине испратил денеска писмо до премиерот на Ирак Хајдер ал-Абад. Во документот се препорачува да се испратат бомбардери кон позициите на турските војници кои навлегле на територијата на Ирак, јавува РИА “Новости”.
