(ВИДЕО) Верувале или не: Фирма од САД на сите 1381 вработен за Божиќ им подари по 100.000 долари

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Компанија со седиште во Хјустон-Тексас, ги осигура своите вработени со раскошни честитки од 100.000 долари. Хиларкорп Енерџи е една од најголемите енергетски компании во САД, а оваа година и била толку добра во бизнисот, за што сите 1381 вработени ќе ја добијат оваа неверојатна честитка, што компанијата ќе ја чини 138 милиони долари.

amanda_thompson_youtube

Аманда Томпсон која десет години работи како рецепционерка во Хилкорп вели дека таа и нејзините колеги имаат добри причими да дадат се од себе за фирмата.

-„Џеф Хилдебранд и нашиот претседател Грег Лалицкер, тие се толку неверојатни за моривација.“-изјави таа за Фокс 26.

На работниците – среќници во оваа фирма, не им е прв пат од газдите да добијат ваков подарок. Тие и пред пет години беа наградени, кога им стигнала понуда да одберат било кој автомобил во вредност од 50.000 долари или чек во износ од 35.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=vJeIzI2MT8Q