Домот на музичарот е на 200 метри од салата “Батаклан”, каде при напад на терористите на 13 ноември загинаа околу 100 лица
Јас не го видов пеколот кој се случи во Париз пред еден месец, но моите деца беа сведоци. Домот ни е само на 200 метри од салата “Батаклан”, изјави во едно интервју прочуениот музичар и композитор Горан Бреговиќ.Тој ги осуди нападите, во окрвавената француска престолнина.
Според него, сепак луѓето од арапските држави немале друг начин да се борат против капитализмот. “Кога уриваш земји како Ирак и Сирија, работите се враќаат како бумеранг.Пред да почнеш да пушташ бомби во една држава, треба да процениш какви се последиците, а тие веќе се факт. Капитализмот плаќа за она што го направи во арапските држави “, посочи изведувачот.” Очигледно треба да се адаптираме во оваа нова средина и последиците од неа “, рече уште музичарот Горан Бреговиќ
