Европската комисија (ЕК) се уште не е задоволна од резултатите од билатералната соработка со Турција по прашањето со миграцијата. Ова го објави во четвртокот заменик-претседателот на ЕК Франс Тимерманс.
За време на заедничката прес-конференција во Брисел и претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер и со премиерот на Холандија Марк Руте по повод почетокот на холандското претседателство на Унијата Тимерманс соопшти дека ќе се сретне повторно со турските власти идниот понеделник.
Потребни се дополнителни напори. Во последните недели бројката (на пристигнати мигранти) остануваат релативно голема. Сеуште не сме задоволни од резултатите на соработката со Турција, изјави Тимерманс, цитиран од агенциите.
На крајот на ноември на средба во Брисел лидерите на 28-те земји од Европската унија се сретнаа со Ахмет Давутоглу и склучија договор кој предвидува помош од страна на Турција за запирање на протокот на мигранти кон Европа, во замена за финансиска помош, визни олеснувања и обновување на преговорите за пристапување на земјата кон ЕУ.
Турција ќе добие постепено три милијарди евра ако засолни на нејзина територија над 2 милиони бегалци од Сирија. Засега не е јасно дали и колкав дел од оваа сума е префрлен.
Планот предвидува забрзување на преговорите за членство на Турција во ЕУ, што доведе до отворање на ново поглавје во декември. Од октомври 2016 година турските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа, но услов за тоа е примената на принципите од договорениот план за акција за надминување на миграциската криза.
Водици откри тежок конфликт меѓу Ципрас и црквата
Главен момент во него е и имплементацијата на договорот со Турција за реадмисија на незаконски навлезените од нејзина територија во ЕУ мигранти, како и враќањето на економските имигранти кон земјите на потекло.
Од своја страна на пресконференцијата во четвртокот холандскиот премиер Марк Руте, чија земја го презеде на почетокот на годината претседавањето со Советот на ЕУ, инсистираше во наредните месеци бројот на мигрантите кои достигнуваат во ЕУ значително да се намали.
Според неговите зборови, бројот на мигрантите сега е огромен и е невозможно да биде задржан во иднина. Потребни се дополнителни напори за заштита на надворешните граници. Треба да ги намалиме значително мигрантите кои доаѓаат; да ја споделуваме фер тежината; секоја држава во ЕУ треба да обезбедува доволно услови за прием. Со сегашните бројки не може да продолжиме, посочи Руте.
Треба да направиме неопходни шеми за квоти за раселување на мигрантите за да работат. Не сум од идеалист, кога зборуваме за иднината на Европа. Затоа нашето претседателство е прагматично, додаде холандскиот премиер. На прашањето со останувањето на Британија во ЕУ, тој изјави дека наскоро е оптимист за постигнување на договор во февруари.
Немаме време за губење, Европа се соочува со бројни сложени проблеми, потребна е европска соработка. За да биде силна, Европа треба да биде обединета.
Ветувањата мора да се почитуваат – тоа е основно разбирање на нашето претседателство. Миграцијата и меѓународната безбедност се главен дел од нашата агенда. Холандија силно го поддржува ставот дека европското законодавство треба да биде истоварено од вишокот текстови, гсумираше премиерот.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изрази очекување од холандското претседателство, да отвори дебата за иднината на еврото, за европската заштита на депозитите. Не верувам дека ќе се дојде до замрзнување на правото на глас на Полска во Советот на ЕУ, да не драматизираме премногу, коментираше Јункер во одговор на прашање.
По повод испратените од него писма до властите во Варшава поради преземените спорни законски измени, Франс Тимерманс соопшти дека уште нема одговор. Очекуваме одговорите на Полска, не сме ги добиле уште. Еден од најголемите успеси на Европа во последните децении е транзицијата на земјите од Централна и Источна Европа кон демократија, коментира Тимерманс.
