(ВИДЕО) Приштина гори- молотови коктели, нереди и солзавец на антивладините протести

од desk3
79 прегледи

Антивладини демонстранти се судриле со полицијата за време на денешниот протест во Приштина, на кој лидерите на косовските опозициски партии порачале дека не ја прифаќаат заедницата на српски општини, демаркацијата на граничната линија со Црна Гора и дека бараат оставка на косовската влада.

https://youtu.be/kND_COhHD8c

Нередите, како што пренесуваат српските медиуми, настанале по завршувањето на обраќањата на опозициските лидери, кога демонстрантите почнале да ја гаѓаат зградата на владата со молотови коктели и со камења, поради што полицијата употребила солзавец.

https://youtu.be/5uSGc5CQJcY

Според информациите, полицијата успеала да ги растера демонстрантите и да ги оддалечи од зградата на владата, која била оштетена и чиј влез бил запален.

Избрани нови членови на Комисијата за заштита од дискриминација- една жена и приврзаници на ВМРО ДПМНЕ

https://youtu.be/bN4YJ2ZB5D8

Полицијата продолжила да ги растерува демонстрантите и по споредните улици.

https://youtu.be/DmdKtWqc6Pw

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, пред насобраната толпа во центарот на Приштина, претходно изјавил дека власта ја губи контролата и дека таа си заминува заедно со корупцијата, заедницата на српски општини и со демаркацијата на граничната линија.

https://youtu.be/SQHH215QHIQ

„Оваа маса народ гарантира дека власт не се држи со полиција и со притисок. Нема демократија кога на чело се кршители на Уставот“, рекол пред присутните Висар Имери, претседателот на Самоопределување, најголемата опозициска партија на Косово.

https://youtu.be/5ljqsPSVFtU

https://youtu.be/y-bAsaWo25Y