Храната од која се создава најмногу целулит

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Целулитот е агресивен и тешко можеме да се избориме со него. Тој не им простува дури и на слабите жени. Лошото е дека целулитот се добива лесно, но се отстранува тешко.9598f355bbd2a68ded4657b2c6fbdc0d

Целулитот претставува воспаление на кожата поради акумулација на поткожните маснотии и неправилното нејзино складирање и деградација.

За да се заштитите од појава на целулит, а и за да го намалите веќе постоечкиот, не треба да ја јадете следнава храна:

Газирани засладени пијалоци
Старееме и производството на колаген во телото се намалува. Тоа е процес на кој тешко може да се спротиставиме. Но, внесувањето на газирани и засладени пијалоци го забрзува процесот и ја влошува ситуацијата.
Затоа едноставно престанете да пиете слатки и газирани безалкохолни пијалаци, ако сакате да се заштитите од целулит.58c1bc012b3a2b2177a10de3416c3fe9

Урда
Урдата се препорачува кај почитувачите на диета за слабеење поради ниското количество масти. Таа сепак е солена, а тоа е предуслов за задржување на повеќе вода и минерални соединенија во телото. Тие предизвикуваат појава на целулит и непријатните жлебови по кожата, познати како “кожа како портокал”.

Соја сос
Соја сосот предизвикува појава на целулит поради истата причина – неумерена соленост. Освен тоа честата употреба на соја сос предизвикува и поголема видливост на целулитот.
Забележете – комбинацијата на натриум хлорид и вода не е добра опција не само за целулит, но е штетна и за кардиоваскуларниот систем.

Преработени десерти
Сите колачи, вафли, барови, месени колачи и торти се причина за појава на целулит. Тие содржат огромни количини на шеќер, кои не само што предизвикуваат дебелеење, но и ја прават кожата воспалена и кадрава од целулит.
Шеќерот е главен непријател на колагенот. А, колагенот е пријател на здрава кожа. 49292dd6ec7160d71e8c4abed0b8c94f

Бел леб
Рафинираното брашно ја влошува состојбата на кожата и го прави целулитот уште повидлив. Белите брашна и производите направени од нив го зголемуваат гликемискиот индекс, што повторно влијае на колагенот и метаболизмот на хранливите материи.

Како резултат на обработката во организмот се акумулира вишокот масти, кои се складираат во масните депоа.

Маргарин
Маргаринот е богат со транс масти, кои имаат својство да се зацврстуваат кога ќе влезат во телото. Така ги оптоварувате крвните садови со плакети, кои помагаат за акумулација на лош холестерол и се депонирани во поткожните масни депоа.
Целулитот во случајот дури ви е најмалиот проблем. При прекумерна употреба на маргарин здравјето може сериозно да настрада.

Пица
Пицата е омилена на милиони луѓе ширум светот, но тоа не значи дека не треба да внимавате со неа.

c30b4e1ab72446c3e5d7dc70e0165e18
Во пицата се содржат многу заситени масти и тоа од различни групи, поради едноставна причина што во неа има многу различни производи кои содржат масти.
Презаситеноста на организмот со масти доведува до намален прилив на кислород до ткивата, вклучувајќи ја и кожата. Поради тоа сврзното ткиво страда и се јавуваат воспаленија. Едно од нив е целулитот.

Преработено месо и сирење
Ако сте љубители на месото и млечните производи – јадете ги во природниот изглед. Преработеното месо во форма на колбас е штетно, исто како и преработените сирење, во форма на суровини за подмачкување.
Во нив има додадени заситени и транс масти, како и бројни додатоци за подигање на формата, хемиски соединенија што ја поддржуваат текстурата на производот и го задржуваат свеж со недели, дури и месеци.
Сите овие материи се таложат во телото и предизвикуваат не само задржување на водата, но и погрешно вршење на метаболичките процеси. Борбата со целулитот ќе е многу тешка, ако ги јадете често таквите производи.