Многу луѓе сакаат да пијат течности кои не содржат шеќер, поради здравиот / диететски режим и бидејќи се свесни дека тие им штетат на забите. Ново истражување покажува дека и незасладените пијалаци се доста штетни за вашата насмевка и ги уништуваат забите.
Научниците од Универзитетот во Мелбурн испитувале над 23 пијалоци, меѓу кои дури и препорачаните во фитнесот, спортски пијалаци и води.Тие утврдиле дека течностите кои содржат кисели адитиви и ниски нивоа на pH ја оштетуваат глеѓта на забите, дури и да не содржат шеќер, пишува Daily Mail.
Како да ги избелите забите дома безбедно
“Луѓето масовно веруваат дека консумацијата на течности без шеќер, не ги оштетува забите, но тоа не е така. Хемикалиите и киселините во некои видови храна и пијалаци можат да предизвикаат силна стоматолошка ерозија “, тврди Ерик Рејнолдс, шеф на истражувањето.
Во раните фази на ерозијата започнува нагризување на горниот слој на забите. Во процесот на истражувањето е утврдено дека дури и газираните и спортски пијалоци (вклучувајќи и зачинети минерални води) можат да предизвикаат омекнување на емајлот на забите со меѓу 30 и 50 проценти.
“Утврдивме по куп тестови дека дури и пијалоци без шеќер, кои се определени како” безопасни за забите “се наоѓаат како причинител за уривање на емајлот на забите”, категоричен беше Рејнолдс.