Илјадници текстови на интернет се напишани за начинот на водење здрав живот. Најголем дел од нив се совети од нутриционисти, лекари кои низ веќе докажано практично искуство помогнале некому или спасиле нечиј живот. Можеби и нема да ги научите сите детали за секоја храна, но важно е доколку овие совети ви се најдат при рака, за да знаете како да постапите во дадената ситуација.

1. Јадењето после 18 часот е штетно за здравјето
Ова е еден од најстарите митови кои постојат. И да, можеби некогаш истиот имал смисла кога нашите предци станувале рано наутро и легнувале рано навечер, но нашето темпо на живеење наметнува нови услови и практики во вечерата која честопати ја сервираме да ни биде 18 часот.Она што е важно за јадењето навечер е оброкот да биде најмалку 3 часа пред одењето во кревет и истиот да содржи полесна храна.
2. Овошјето и зеленчукот се бескорисни после чување во фрижидер
Современите технологии за чување на храната во фрижидер овозможуваат зачувување на речиси сите хранливи состојки кои одреден производ ги содржи во себе.
. Црниот леб е поздрав од белиот
Тоа што лебот е црн не мора да значи дека содржи голема количина на влакна. „Здравата“ црна боја може да се должи на додавање адитиви во брашното.Енергијата содржана во црниот леб е речиси идентична со таа во белиот леб. Доколку сакате навистина здрав леб, купувајте леб од цели зрна.
Сушито е здрава храна
Ако понекогаш јадете суши тоа секако нема да се одрази врз вашата тежина. Сепак треба да имате на ум дека белиот ориз не спаѓа баш меѓу најздравите производи
Ужините се нездрави
Ужините се неопходен дел од исхраната. Ако навистина се грижите за вашето здравје, треба да знаете дека на телото му е потребно дополнување со енергија одвреме-навреме.Сепак таквото дополнување треба да биде балансирано: кога ќе се почувствувате без енергија каснете неколку ореви или овошје на пример.