Од неодамна забележувате дека облеката ви станува тесна, а не сте го смениле начинот на живот и исхрана. Можеби во тоа е проблемот?
Со времето се акумулираат некои “штетни” навики за кои дури не ни доаѓаат на мисла, а потоа не смееме да се погледнеме во огледалото.
Не е доволно само да внимаваш со слаткото и калориите, има и еден куп други фактори кои може да ве натераат да ја замразите вагата.
1. Правиш големи залаци
Докажано е дека луѓето кои земаат големи залаци, неосетно консумираат повеќе калории. Тоа е така, бидејќи тие не џвакаат доволно и така не му даваат време на мозокот да прими сигнал на телото дека е сито. На крајот, како се најадете набрзина, конечно чувствувате и несакана тежина во стомакот.
2. Не пиете доволно вода
Оние од вас кои не пијат доволно вода (2-2.5 литри на ден) често качуваат лесно килограми. Причината е дека течностите му помагаат на организмот да ги исфрли непотребните токсини и да ги разгради остатоците.Покрај тоа водата создава чувство на ситост, макар и за кратко.
3. Големи порции
Кога пред вас има голема чинија, вие автоматски почнувате да ја празните додека не ликвидирате сè во неа. Гладот се заситува и со очите и додека тие гледаат храна, шансата да престанете да јадете е минимална. Подобро обложете се на помалите порции.
4. Не одмарате доволно
Замореното тело се обидува да го израмни недостатокот на сон, големиот стрес и емоциите, кпа ја бара енергијата од храна. Често, кога сте изморени, не можете да го контролирате дури у вистинскиот глад и сте склони да ја изневерите на здаравата исхрана, и да лапнете по нешто нездраво и калорично.
5. Излегувате со “несоодветни” пријатели
Неодамнешна студија покажува дека средината е многу важна за тежината. Ако пријателите ви се фанови на брзите закуски, гиро, пици и палачинките, немој да се изненадите дека и вие сте ги вклучиле во менито и веќе се одразиле на големината на вашата облека.