Рачно изработени подароци за Св. Валентин

од Vladimir Zorba
785 прегледи

Февруари е, а во воздухот се носи оној посебен мирис на љубов. Ги броиме деновите до настапувањето Денот на вљубените и немаме трпение да го изненадиме партнерот со нешто што сами сме го направиле посебно по тој повод.7b8aecc29e1217496e268bf15e76cbf0

Постојат многу различни начини да се покаже својата љубов. Ние споделуваме неколку навистина креативни идеи, кои се и лесни за правење, а останатите може да ги видите во галеријата.

Порцеланска чаша со натпис76841b84cb3ebfd13d7c5729f176110d

Купете бела (или во друга боја) порцеланска чаша без декорации и 2 пенкала за цртање врз порцелан. Маркерите може да ги купите од книжарниците (а ги има и во  продавници за уметници). Пред да започнете со декорациите на чашата, треба да ја измиете многу добро со вода и сјај и потоа да ја исушите убаво.
Протресете ги благо маркерите за да бидат боите беспрекорни. Потоа нацртајте ја чашата. Оставете ја да се исуши за 2-3 часа. Ставете ја во ладна рерна и вклучете на 170 степени. Испечете ја чашата за околу 20 минути и оставете ја да се излади во рерната. Ова ќе ја фиксира бојата на неа.

Кутија со картички
f57979ba815f06238382ca52c16a743c
Купете повторно од книжарница дрвена кутија, пластична или картонска. Може да изберете и таква која е во форма на срце. Купете и шарени картончиња повторно во форма на срциња или купете си хартија и од неа направете си мали картички.

На секоја напишете по една порака до саканиот. Ова може да се убави мисли или историјата на вашата љубов.

Љубов скриена во кутија за кибрит11d8ba435250146f80f9b0f3a94a64d7

Ќе ви биде потребна една кутија од кибрит, која ја ги обложувате со обоена хартија или убава салфетка. На мали картончиња напишете нешто убаво за партнерот. Кога ќе му ги подарите, тие ќе бидат скриени во неа.

Галерија: pinterest