Викендот одмина и веќе тече уште една напната работна недела. И како тоа да не е доволна причина да сте под стрес рано наутро, вие се будите и со главоболка. Дури и да сте свесни за причините за неа, тоа не ја прави полесна и прифатлива. Уште полошо е ако се борите со хронични болки во главата.
Можеби е време да ги оставите лекарствата и да размислите што да промените во начинот на живот, за да се ослободите од досадните болки. Советите на неврологот д-р Викрам Синг сигурно ќе ви помогнат. Видете каде да започнете:
Хидрирајте се : Дехидратацијата е една од главните причини да се соочувате со главоболката. Обложете се на водата и овошните сокови и ограничете ги кофеинските пијалоци кои ги исфрлаат течностите од вашето тело.
Масажи на главата : Масирајте го нежно скалпот и лицето со кружни движења. Така ќе ја подобрите циркулацијата на крвта во овој дел и ќе го тонизирате мозокот. Масажите помагаат и за мускулите.
Хранете се здраво : јадете барем 4 пати на ден на еднакви интервали на време. Мозокот има потреба од гликоза, за да функционира нормално, па не го лишувајте од неа. Богатата храна со гликоза е лебот, медот, компирите, оризот, тиквата и бананите.
Спијте доволно : Сонот е важен за одмор на телото и умот. За да се чувствува човек во форма, тој има потреба во просек од 6-8 часа спиење. Обезбедете си удобна перница и душек, бидејќи позата за време на спиењето, исто е од клучно значење за вашиот тон и добра форма.
Не заборавајте на паузите : Занесени сте во работа зад биро, па може да поминете часови без да кренете очи од компјутерот. Тоа сепак не е добро ниту за телото, ниту за мозокот. Гледајте да одмарате на секој час. Прошетајте се околу канцеларија во рок од неколку минути, испијте чаша вода или друга течност и спроведете краток, но пријатен разговор со колега или пријател, за да се смирите за момент од работата.
Топол туш : Застанете под туш и оставете го топлиот млаз да ја облее главата и да се спушти по грбот. Така ќе го релаксирате вратот и мускулите и ќе го подобрите крвотокот.
Насмевнувајте се: полесната главоболка може да се излечи со насмевка! Смеата води до ослободување на ендорфини, кои нè тераат да се чувствуваме подобро. Тие се и ефикасен пенкилер!
Дишете свеж воздух : длабоките вдишувања и издишувањасе начин да го смирите срцевиот ритам, да се наполнат белите дробови и мускулите со свеж кислород и да се избистри главата. Еве уште една причина да излезете од канцеларијата за неколку минути.