Како да носиме кармин?

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Сите сакаме да ја избереме постепено секоја компонента од својата силуета и кога ќе се облечеме, да се чувствуваме одлично.830d0a8f297a91ae6e087299ff2ec5f1

Како со облеката, така и со шминката е важно да пристапуваме чекор по чекор. Двата најважни елементи кои треба да ги имаме предвид при истакнување со козметички производи се усните и очите.

Потенцирањето може да го промени секој студен изглед за да го направи навистина совршен.

Ви претставуваме неколку начини со кои ќе ја избрусите уметноста на карминот.

1. Не манипулирајте со големината и обликот на усните

Осигурајте се дека не си играте со оптички измами кога ја нагласувате формата или големината на усните со кармин или молив. Ако имате тенки усни, не се обидувајте да ја “кренете” границата за да изгледаат пополни. Само придржувајте се кон природните контури и обложете се на игра со бои и текстури, но не и со основа.

2. Не потцртувајте со потемна нијанса

Овој тренд за темни кармини оставете го во 2015 година. Стариот стил ма одблеснување на усните со потемен молив од нијансата на карминот, исто така не е соодветен. Се стремиме да ги купуваме козметичките производи во исти бои со кои ќе направите усните да изгледаат полни.

3. Не носете производи со премногу сјај

Од последните неколку сезони забележуваме дека мат и крем формулите владеат на модната писта и тотално ги избришаа гламурозните и сјајни кармини од листите. Светнатите усни го одземат вниманието од целото лице и тераат другите да се фокусираат само и единствено во долниот дел. Уште понепријатен дел е што е можно да се растече и да остави леплива трага.

4. Не претерувајте со производот

Силно истакнатите очи со темна шминка е најдобро да бидат комбинирани со усни во телесна боја, а не со светли кармини. Слично на тоа, силните усни ќе стојат добро само со маскара за трепки или многу тенка очна линија. Не претерувајте со производите на устата, бидејќи таа треба да се појави како совршен баланс и да додаде убавина на шминката, а не да ја помине границата на убавото и да премине во кич.