Една од најголемите желби на жените е да го задржат младешкиот изглед на својата кожа за подолго време.
Козметичката индустрија се обидува да одговори на овие соништа и постојано бара нови и нови иновации и технологии, со кои ќе ги регенерира клетките и ќе го стимулира нивното заздравување.
Чудесен е технолошкиот и лабораториски развој за стимулирање на подмладување и одржување на состојбата на кожата однадвор, но добро е да се обрне внимание на истите процеси, но одвнатре.
Ви претставуваме неколку дневни навики, кои не тераат да се старееме побрзо отколку што природата одредила.
1. Спиете помалку
Спиете ли доволно? Резултатите од ненаспаност можат да се видат прво на лицето. Дури и да ги оставиме настрана црните кругови под очите и испакнатините, недоволните часови во кревет можат да доведат и до целосно опуштање на кожата.
2. Јадете многу шеќер
Прекумерниот внес на шеќер може да наштети не само на половината и димензиите, но и на кожата. Високите нивоа на шеќер во крвта предизвикуваат “гликолизиран” – процес кој штети на колагенот и води до појавата на брчки.
3. Премногу трчате
Сè што е во горните или долни граници, не е на добро. И иако трчањето се води како една од најздравите вежби кои прават чуда со телото, претерувањето со него може да делува негативно на колагенот и да направи кожата да изгледа остарена и збрчкана.
4. Пиете алкохол
Нема ништо лошо во тоа да се релаксирате од време на време и да испиете по една-две чаши вино. Постојаниот прием на алкохол сепак придонесува за предвременото стареење, бидејќи ги проширува малите крвни садови и го зголемува протокот на крв кон површината на кожата. Со текот на времето, овие крвни садови можат да бидат трајно оштетени и да остават постојано црвенило.
5. Се изложувате на сонце
Иако Витаминот D може да биде исклучително корисен, постојаното и продолжено изложување на сонце е навистина многу штетно. Покрај постојан тен, кожата може да се “обои” со пеги и да изгледа сува и дури и напукната. Ова може да предизвика појава на брчки и пори. Не заборавајте да нанесувате крем за сончање секој пат кога се изложувате на сонце.